Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека му претставува чест да биде првиот претседател кој присуствувал на годишниот протест против абортусот во Вашингтон, јави Асошиетед прес.
За време на говорот, тој ги критикуваше демократите за, како што рече, нивните радикални и екстремни позиции за абортусот.
Тој ги пофали присутните на протестот, велејќи дека биле мотивирани од чиста и несебична љубов.
„Секој живот носи љубов во овој светот. Секое дете носи радост во семејството. Секој човек треба да се заштити“, рече Трамп, предизвикувајќи радост кај илјадници присутни на маршот.
Трамп е првиот претседател кој присуствувал на овој марш во неговата 47-годишна историја.
Facebook Forum