Претседателот на САД Доналд Трамп денес патува во сојузната држава Јужна Дакота, кај споменикот Маунт Рашмор, да го прослави Денот на независноста, каде се очекува да се соберат илјадници луѓе.
„Ќе прославиме со огромен огномет, каков што не е виден досега“, изјави Трамп од Белата куќа.
За првпат, по една деценија, ќе биде дозволен огномет во овој национален парк, каде се наоѓа џиновска скулптура со ликовите на четири американски претседатели - Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.
Во 2010 година, Службата за заштита на националните паркови забрани употреба на пиротехнички материјали на оваа локација, поради загриженост дека може да се предизвика шумски пожар.
Во април, пак, шумските власти повторно ја разгледаа состојбата, и заклучија дека огнометот нема да има значително влијание.
Facebook Forum