Претседателот на САД, Доналд Трамп, го назначи поранешниот советник, Бред Парскал, да биде менаџер на кампањата за негов реизбор на функцијата во 2020-та година.
Во официјалното соопштение стои дека Парскал е „извонреден талент“ избран по постигнатите успеси.
Веста прв ја објави конзервативната веб страница Drudge Report.
Трамп веќе индицираше дека планира повторно да се кандидира за претседател.
„Се разбира дека тој ќе бара реизбор“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, во јуни, минатата година.
Facebook Forum