Линкови за пристапност

Трамп во ОН: силна поддршка за американската самостојност, против глобализмот


Претседателот нагласи дека Северна Кореја презела многу охрабрувачки мерки по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур

Претседателот Трамп го почна обраќањето од говорницата на ОН за економскиот бум на Америка. “Од мојата победа на изборите, имаме надодадено богатство од 10 трилиони долари, берзата е на највисоко ниво во историјата и имаме најниска стапка на невработеност во последните 50 години. Невработеноста кај Афроамериканците, Латино-американците и Американците од азиско потекло е на најниско рекордно ниво. Отворени се нови 4 милион работни места во производствениот сектор“.

President Donald Trump addresses the 73rd session of the United Nations General Assembly, Tuesday, Sept. 25, 2018 at U.N. headquarters.
President Donald Trump addresses the 73rd session of the United Nations General Assembly, Tuesday, Sept. 25, 2018 at U.N. headquarters.

Претседателот се осврна на усвојувањето на најниските даноци во историјата на нацијата, и` како што рече претседателот, САД се посилни, побезбедни и побогати од било кога. Затоа Америка секогаш ќе избере независност, соработка, над глобално владеење, контрола и доминација“, изјави Трамп.

Главниот фокус на претседателот во обраќањето на 73-то Генерално собрание на ОН беше цврстиот став спрема Иран, силна одбрана на американскиот суверенитет преку напад врз глобализмот.

Трамп доби пријателски аплауз говорејќи од подиумот на Ист Ривер за успесите на неговата администрација.

„Денеска пред Генералното собрание на ОН сакам да го споделам напредокот што го постигна мојата администрација. Помалку од еве години откако ја презедов функцијата, постигнавме повеќе од било која администрација во историјата на држватата“, изјави претседателот Трамп.

Американскиот суверенитет беше главна тема во говорот на Трамп и го правдаше повлекувањето на САД од мултилатералните договори и организации, за кои како што рече, претставуваат закана за правото на САД да раководат.

„Америка е управувана од Американци. Ние ја отфрламе идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизам. Ширум светот, одговорни нации мора да го бранат суверенитетот не само од глобалните влади, туку од нови форми на доминација“, изјави Трамп.

Претседателот на САД истакна дека подетално ќе се разгледува доделувањето на помош во странство. Тој рече САД ќе им даваат само помош на земјите кои што ги почитуваат САД и „се наши пријатели“.

Тој, меѓудругото, побара да се почитува суверенитетот на САД, нагласувајќи дека Северна Кореја презела многу охрабрувачки мерки по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур.

Додаде дека санкциите кон Северна Кореја ќе останат во сила додека да се направи денуклеаризација.

Трамп, исто така, најави дека ќе следуваат, повеќе санкции кон Иран по ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG