Линкови за пристапност

Трамп ја откажа посетата на Лондон


Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа планираната посета на Лондон.

Тој преку Твитер изјави: „Причината зошто го откажав моето патување во Лондон, е бидејќи не сум голем обожавател на администрацијата на Обама, која ја продаде амбасадата со најдобра локација во градот за „кикиритки“ или ништо, за да изгради нова на полоша локација, за 1,2 милијарди долари. Лош договор. Тие сакаат да ја пресечам лентата - НЕ“.

Сепак, на веб-страницата на амбасадата се вели дека владата на САД ја купила локацијата за новата амбасада во 2008-та година, пред Барак Обама да ја преземе функцијата во јануари 2009-та. Старата зграда беше продадена во 2009-та година.

Трамп требаше да отпатува во работна посета во Лондон пред крајот на февруари, кога се очекуваше да го отвори објектот и да има средба со премиерката Тереза Меј, иако не беше објавен датум.

Според британскиот печат, Трамп бил незадоволен поради малиот публицитет пред патувањето и фактот дека тој нема да може да се сретне со кралицата, бидејќи посетата беше намалена од државна, на работна посета, при што има многу помал престиж.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG