Линкови за пристапност

Преиспитување на правото на државјанство со раѓање?


14-тиот амандман од Уставот на САД предвидува државјанство на секој кој ќе биде роден во САД, но претседателот Трамп најавува можна промена

Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека сака да го промени правото со кое сите бебиња кои се родени во САД добиваат државјанства, без разлика што нивните родители не се американски државјани или нелегално престојуваат во САД.

Трамп во интервју за „Аксиос“ кажа дека планира да ја прекине актуелната политика со потпишување на извршна наредба.

„Ние сме единствената држава во светот каде што одредено лице ќе дојде овде, ќе роди бебе и бебето ќе постане државјанин на САД ... со сите привилегии“, рече Трамп и додаде: „Ова е апсурд. Мора да ставиме крај.“

САД не е единствената држава со право на добивање државјанство со раѓање. Околу 30 други држави во светот имаат слични закони.

Прекинувањето на ова политика во САД најверојатно ќе се соочи со правни предизвици.

Трамп рече дека веќе се советувал за идејата и дека добил уверување дека за ставање крај на правото за добивање државјанство со раѓање не е потребен уставен амандман.

Сепак, по сите законски предлози ќе треба да има и правна дебата за 14-тиот амандман од Уставот на САД во кој се наведува: „Сите лица родени или натурализирани во САД, се под јуриздикција на САД и се државјани на САД, во државата во која живеат“.

Сепак, некои конзервативци велат дека амандманот се однесува на државјанства на бебињата родени во САД од родители кои имаат остварено право на постојано жителство.

Плановите на Трамп да ја прекине политиката се засилување на напорите на неговата администрација за промовирање на имиграцијата како главно предизборно прашање пред вонредните избори кои ќе се одржат на 6-ти ноември.

Во последните две недели Трамп и конзервативните политичари издадоа предупредување за караванот мигранти од Централна Америка, а Пентагон

објави планови за распоредување на најмалку 5.200 војници на границата со Мексико до крајот на неделава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG