Линкови за пристапност

Тропската бура Хилари предизвика поплави во Калифорнија


Бура во југозападниот дел на САД.
Бура во југозападниот дел на САД.

Тропската бура Хилари предизвика поплави во јужна Калифорнија и Невада, додека синоптичарите предупредија на опасни по живот и катастрофални услови од ретката бура додека се движи кон внатрешноста.

Токму поради опасност од поплави, Националната метеоролошка служба на САД ги повика луѓето да останат надвор од патиштата во областа Лос Анџелес.

Многу од погодените области се навикнати на врнежи како оваа тропска бура.

Синоптичарите велат дека некои пустински области би можеле да завршат со 12 до 25 сантиметри дожд.

„На некои места во пустината, тоа е за една година“, рече на брифингот со новинарите Алекс Тарди, виш метеоролог за Националната управа за океани и атмосфера во Сан Диего. „Нормалните врнежи во Јужна Калифорнија и Сан Диего не се ништо во август. Значи, се случува нешто многу необично.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба за да помогне во напорите за одговор и закрепнување.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговата администрација е подготвена да обезбеди помош за Калифорнија, Невада и Аризона.

Поради невремето се откажаа авионските летови во Лос Анџелес, Сан Диего и Лас Вегас, додека училиштата во Лос Анџелес и Сан Диего денескa беа затворени.

Последната тропска бура што ја погоди Калифорнија беше во 1977 година.

Тропската бура Хилари во неделата го зафати полуостровот Баха Калифорнија во Мексико.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG