Линкови за пристапност

Нов тест за прогнозирање на срцева болест

Нов тест за прогнозирање на срцева болест
Нов тест за прогнозирање на срцева болест

Неколку фактори на ризик може да ги покажат вашите шанси за добивање срцев удар. Висок крвен притисок или холестерол, историја на пушење, стареење – сето ова може да ја направат срцевата болест поверојатна. Сега научниците имаат едноставен тест на крвта што се покажал вреден за предвидување на проблеми со срцето.

Кога лице за кое постои сомневање дека може да е пациент со срцева болест се појави во болница, лекарите често прават тест за крвни протеини наречени cardiac troponin T, кои можат да потврдат срцев удар.

Најновата верзија за тестот е супер чувствителна, и го мери овој протеин во пикограми – трилионити дел од грамот, на милилитар крв.

„А тоа ни дозволува да идентификуваме доказ за повреда на срцето – протеинот тропонин се ослободува кога срцеви ќелии умираат – кај поединци кои се наизглед без знаци за кардиоваскуларна болест, болки во градите или срцев удар, па дури и без симптоми за срцев удар", вели професорот Кристофер деФилипи од Универзитетот на Мериленд. Тој и неговите колеги ги тестирале нивоата на тропонин во крвни примероци земени од луѓе пред многу години, од група од околу 6.000 постари Американци. Потоа, истражувачите ги споредиле нивоата на тропонин со здравјето на поединците како што старееле. Нашле дека повисоки нивоа на тропонин биле во кореалција со поголеми изгледи за попуштање на срцето, што се случува кога ослабува способноста на срцето да пумпа крв.

„Така, тоа може да идентификува поединци кои биле во поголем ризик од развивање на знаци и симптоми на ослабување на срцето, но и поединци кои биле во поголем ризик од умирање од срцева болест“.

ДеФилипи вели дека тестот на тропонин се покажал силен индикатор за слабо срце или смрт од која било срцева болест, и дека тоа го прави независно од другите фактори на ризик.

„Тоа е тест на крвта, слично како за холестерол, и не е да-не одговор туку за класифицирање на луѓето во категории на висок и слаб ризик зависно од цифрите за тропонин“.

Кристофер деФилипи вели дека тестот е евтин зашто хемикалиите кои процесираат секој примерок чинат околу еден долар. Пациентите кои ќе знаат дека се на пат на ваква болест можат да работат со нивниот лекар да го минимизираат напредувањето на болеста.

Студијата е објавена во журналот Американската медицинска асоцијација „ JAMA“.

Кога лице за кое постои сомневање дека може да е пациент со срцева болест се појави во болница, лекарите често прават тест за крвни протеини наречени cardiac troponin T, кои можат да потврдат срцев удар.

Најновата верзија за тестот е супер чувствителна, и го мери овој протеин во пикограми – трилионити дел од грамот, на милилитар крв.

„А тоа ни дозволува да идентификуваме доказ за повреда на срцето – протеинот тропонин се ослободува кога срцеви ќелии умираат – кај поединци кои се наизглед без знаци за кардиоваскуларна болест, болки во градите или срцев удар, па дури и без симптоми за срцев удар", вели професорот Кристофер деФилипи од Универзитетот на Мериленд. Тој и неговите колеги ги тестирале нивоата на тропонин во крвни примероци
земени од луѓе пред многу години, од група од околу 6.000 постари Американци. Потоа, истражувачите ги споредиле нивоата на тропонин со здравјето на поединците како што старееле. Нашле дека повисоки нивоа на тропонин биле во кореалција со поголеми изгледи за попуштање на срцето, што се случува кога ослабува способноста на срцето да пумпа крв.

XS
SM
MD
LG