Линкови за пристапност

Доријан денеска се очекува да го погоди Порторико


Порто Рико, американска територија што се`уште се опоравува од невремето во 2017, денеска го очекува друго - тропската бура Доријан.

Метеоролозите предвидуваат Доријан да добие сила на ураган кога ќе мине низ западниот и централниот дел на територијата во текот на денот.

Гувернерката на територијата Ванда Васкез веќе објави вонредна состојба, предупредувајќи дека е можно лизгање на земјиштето , поплави и прекин на електрична енергија.

Илјадници домови се` уште се без покрив и километри патишта со големи оштетувања од ураганот Марија што нанесе голема штета на островот пред две години, притоа убивајќи околу 3.000 луѓе.

Националниот центар за урагани вели дека Доријан преку ноќта развил ветрови со брзина 85 километри на час и се очекува уште да зајакне во текот на денот.

Се очекува во Порто Рико да наврнат 10-15 центиметри дожд. Големи дождови се очекуваат и во Доминиканската Република подоцна денеска.

Доријан потоа ќе се придвижи кон Бахамите.

Метеоролозите веруваат дека Доријан може да е закана и за Флорида, каде ќе пристигне викендов, но како ослабен ураган.

Вчера невремето остави големи количини вода на островите Сент Луша, Мартиник и Сент Винсент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG