Линкови за пристапност

Дали тропската бура Доријан ќе го погоди Порто Рико?


Обилни дождови и ветрови кои дуваат со брзина од 85 километри на час денеска ги погодија Островите Виндвард додека тропската бура Доријан се движи во Карипското море.

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека невремето може да донесе меѓу седум и 20 сантиметри дожд на Света Луција, Мартиник и Сент Винсент.

Доријан исто така носи закана од опасни бранови.

Владата на Света Луција ги предупреди жителите на можноста за поплави и лизгање на земјиштето. Во него се предупредува населението да ги избегнува крајбрежните области, а малите чамци да останат во пристаништето.

Метеоролозите очекуваат Доријан денеска да се засили и да прерасне во ураган во близина на Порто Рико, Хаити и Доминиканската Република во среда.

Се очекува невремето да стигне до копното на САД во сабота.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG