Над 65 милиони Американци чуваат куче дома. Но, според извештајот на списанието Форбс во 2022 година, 54 отсто од сопствениците на кучиња жалат што донеле куче дома.
Некои сопственици се откажуваат од своите кучиња поради постојаното чистење, лаење и трошоците за нега на кучето додека патуваат, меѓу другите причини. Се проценува дека околу 3 милиони кучиња секоја година завршуваат во засолништата во САД, според Американското здружение за спречување на суровост кон животните.
Додсон и Конер спасиле едно куче кое било сериозно малтретирано. Таа немала вилица, тежела само 1,3 килограми и не можела да јаде или пие.
„Ги најдовме нејзините насилници и извршивме доволен притисок врз полицискиот оддел и контролата на животните, а потоа и врз судијата да ги повика тие луѓе одговорни за она што ѝ го направија“, раскажува Џејд Конер од Здружението за спасување стари кучиња.
„Грижата за кучињата ни е навистина важна“, доддава Џорџија Додсон од истото Здружение.
Тие го нарекоа тоа куче „Чудо“ или скратено „Мири“, додека засолништето го добило името - рајот на Мири.
Двојката продолжи да прима кучиња кои биле во лоша форма, главно со медицински проблеми.
„Многу пати тие не се малтретирани, туку тие го запоставуваат кучето, не чувствуваат дека неговите потреби се толку важни“, вели Џорџија.
Приватните донации помагаат да опстане здружението. И, додека кучињата го чекаат своето ново семејство, тие живеат со волонтери.
Донациите ги покриваат трошоците за храна за кучиња, медицински посети и играчки. Засолништето има фејсбук страница која ја раскажува приказната за секое куче во прифатилиштето. Некои наоѓаат нови семејства, но не сите го прават тоа.
Кога не се грижат за кучињата, Конер продава рачно изработен накит на Етси, а Додсон работи како сметководител.
„Себично го правам ова за свој опстанок, затоа што за да функционирам... без да служам на друга личност или на овие животни, некако сум изгубен во темнината на овој свет“, вели Џејд Конер.
Овие кучиња можеби имале тежок живот, но благодарение на Додсон и Конер, нивните животи сега се исполнети со љубов и грижа.