Американскиот Оддел за финансии соопшти нови чекори, со цел одвраќање на американските компании од таканаречените корпоративни инверзии за затајување на даноците, со тоа што технички би се преселиле во странство, задржувајќи ги операциите во САД.
Процесот најчесто вклучува поголема американска компанија која купува помала во странство, кадешто има помали даноци. Тоа е случајот од ноември, кога се споија фармацевската компанија Фајзер и Алерган, со седиште во Ирска. Зделката е вредна 160 милијарди долари, а двете компании најавија дека ќе ги разгледаат новите правила.
Секретарот за финансии, Џекоб Лу изјави дека зависи од Конгресот дали ќе ја усвои новата легислатива. Се` додека не се случи тоа, кажа тој, креативните сметководители ќе наоѓаат нови начини да избегнуваат да плаќаат даноци во САД.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека претседателот Обама бил задоволен со активностите на Одделот за финансии и дека само Конгресот може да спречи ги спречи тие инверзии.