Линкови за пристапност

Протест во Њујорк за убиениот тинејџер во Флорида


Повеќе од 1.000 луѓе во среда маршираа во Њујорк да протестираат за убиството на седумнаесетгодишен Африкански-Американец во Флорида, од страна на волонтер во локална безбедносна патрола.

Толпата извикуваше „Ние сме Трејвон Мартин“.

Демонстрантите се собраа на градскиот плоштад Union Square во чест на Трејвон Мартин, убиен на 26-ти февруари додека се враќал дома од продавница близу Орландо.

Таканаречениот „Марш на милион качулки“, што е референца на палтото со качулка што го носел Трејвон кога бил убиен, бил поттикнат од кампања на интернет на социјалната мрежа Фејсбук.

Родителите на Трејвон присуствувале на собирот и се приклучиле барајќи апсење на лицето што пукало, Џорџ Зимерман.

Таткото на Трејвон, Трејси Мартин, кажа: „Нашиот син не заслужи да умре. Нема ништо што може да сториме да го вратиме, но јас сум овде да обезбедам правдата да биде задоволена и да нема други родители кои би минале низ истото“.

Сабрина Фултон, мајката на Трејвон, рече: „Бидејќи нашиот син не направил никаков криминал. Нашиот син е ваш син. Сакам вие да се кренете за правдата и за тоа што е исправно. Ова не е прашање за бели или црни, туку за исправно и погрешно. Правда за Трејвон“.

Зимерман не е уапсен од локалната полиција, тврдејќи дека го убил момчето во самоодбрана. Но неговиот повик до операторите за помош сугерираат дека тој го следел Трејвон низ соседството. Адвокатот на семејството на Трејвон исто така вели дека девојката на момчето разговарала со него на неговиот мобилен телефон во моментите пред да биде убиен.

Комесарите во градот Санфорд одобрија мерка на недоверба против шефот на полицијата Бил Ли во врска со начинот на кој одделот се справил со случајот.

Обвинителите во Флогида велат дека ќе свикаат Голема порота за истрага по инцидентот, а американскиот Оддел за правда вели дека дивизијата за граѓански права исто така отвара истрага. Федералните истражители се обидуваат да утврдат дали Зимерман кажал нешто расистичко во еден од неговите повици до оперативниот центар, што може да го крене инцидентот на федерално ниво, на кривично дело од омраза.

Инцидентот исто така го сврте вниманието на закони што важат во Флорида и неколку други држави наречени „бранете ја својата територија“, што им дозволува на луѓе да се спротивстват на потенцијален напаѓач со смртоносна сила доколку чувствуваат дека нивниот живот е во опасност.

XS
SM
MD
LG