Линкови за пристапност

Сешнс бара наредбата за патување да оди пред Врховниот суд


Главниот правобранител на САД, Џеф Сешнс кажа дека ќе побара од Врховниот суд да ја разгледа одлуката на Апелациониот суд која се однесува на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за ограничување на патувањето од шест претежно муслимански земји.

Во соопштението, Сешнс вели: „Извршната наредба на претседателот Трамп е во рамки на неговите законски овластувања да ја чува безбедноста на нацијата.“ Понатака се вели: „Одделот за правда не се согласува со одлуката на поделениот суд, кој ги блокираше напорите на претседателот за зајакнување на националната безбедност на државата....Претседателот нема задолжение да прима лица од држави кои спонзорираат или нудат засолниште за тероризмот, се додека не се утврди дека тие можат соодветно да бидат проверени и не претставуваат ризик за безбедноста на САД.“

Тој во соопштението заклучува дека ќе бара разгледување на одлуката од страна Врховниот суд.

Сешнс одговараше на одлуката која беше донесена од Федералниот апелационен суд во Ричмонд, Вирџинија.

Во одлуката на Апелациониот суд стои: „Извршната наредба не е ништо повеќе од она што претседателот го вети пред и по неговиот избор: невидена дискриминацијата на муслиманите“, велат судиите од Апелациониот суд во нивната пресуда долга 205 страници.

Во март, федерален судија од Мериленд ја блокираше забраната за патување, која е ревидирана верзија на првично објавена во јануари, кој беше заменета откако наиде на правни пречки.

Мнозинството судии од Апелациониот суд не мислат дека втората верзија е подобра од претходната. Следниот чекор на администрацијата на Трамп е да го изнесе случајот до Врховниот суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG