Линкови за пристапност

Повторен привремен прекин на забраната за патувања


Дали случајот ќе заврши во Врховниот суд?

Претседателот Доналд Трамп вети дека, доколку е потребно, случајот ќе заврши во Врховниот суд, откако федерален судија од Хаваи стави привремена забрана на наредбата на администрацијата за ограничување на одредени патувања, неколку часа пред да стапи на сила.

За време на обраќање во Нешвил, Тенеси, Трамп одлуката ја нарече пример за пречекорување на судските овластувања, додавајќи дека како претседател, има овластување да контролира на кого ќе му се дозволи да влезе во земјата, во рамки на безбедноста за американскиот народ.

„Опасноста е јасна, законот е јасен, потребата за мојата извршна наредба е јасна. Бев избран да го променам нашиот скршен и опасен систем, како и размислувањето во владата којашто нашата земја ја ослабе и ја доведе во опасност, со народ кој не може да се одбрани“, рече Трамп.

Федералниот судија Дерик Ватсон пресуди во полза на жалбата на главниот правобранител на Хаваите Даг Чин.

Чин тврди дека привремената забрана за патници и мигранти од шест главно муслимански земји, претставува кршење на Уставот со тоа што цели на муслимани, би им нанела штета на странските студенти и на туризмот во оваа сојузна држава.

Ревидинираната извршна наредба на претседателот Трамп издадена пред речиси две недели, го иззема Ирак од листата земји. Во меѓувреме, најмалку шест други сојузни држави поднесоа тужби за прекин на оваа мерка.

XS
SM
MD
LG