Линкови за пристапност

Забраната за патување стапува во сила


Патници од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен ќе бидат подложени на нови правила за влегување во САД. Апликантите за виза од овие, претежно муслимански држави, треба да имаат прифатливи блиски семејни врски во државата, како родител, брачен другар, дете, зет, снаа, брат или сестра. Исклучени се баба, дедо, тетка, вујко, внука, внук, братучед и други – сите точно специфицирани во инструкциите издадени од американскиот Стејт департмент.

Новите правила стапуваат во сила во 20 часот источно американско време во четврток.

Насоките доаѓаат неколку дена откако Врховниот суд делумно ја врати извршната наредба за забраната за патување на претседателот Доналд Трамп, која беше блокирана од пониските судови наводно заради неуставност. Судот ќе закаже расправа по предметот во октомври.

Од Одделот за домашна безбедност уверуваат дека навременото известување на јавноста и деталните упатства ќе бидат доволни за избегнување на хаос на аеродромите.

Некои адвокати планираат да се појават на меѓународни аеродроми, подготвени да понудат правна помош.

Претседателот на САД вели дека наредбата е неопходна за националната безбедност.

XS
SM
MD
LG