Линкови за пристапност

Не стивнува правната битка за забраната за патување


Американски судија ја прошири листата на лица кои имаат подобни семејни врски за да добијат виза за патување во САД

Американски судија повика на користење на „здрав разум“, откако тој ја прошири листата на подобни семејни врски за лица од шест главно муслимански земји кои сакаат да ја избегнат забраната за патување на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во забраната на Трамп се бара бабите и дедовците и другите „подалечни“ роднини да не можат да добијат виза и да се приклучат на членовите на семејството во САД.

Властите велат дека ограничувањата што се наметнуваат за патување на граѓаните од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен се разумни, и врз основа на веќе воспоставените принципи во американските имиграциони закони.

Судијата од Окружниот суд во Хонолулу, Хаваи, Дерик Ватсон, нареди да не се спроведува забраната за баби, дедовци, внуци, зетови, снаи, тетки, чичковци, внуци и братучеди на лица кои веќе се во САД.

„Здравиот разум“, напиша Ватсон во пресудата „... диктира дека во членови на блиското семејство треба да бидат вклучени бабите и дедовците“. Ватсон рече дека „бабите и дедовците се олицетворение на блиски членови на семејството“.

Врховниот суд кон крајот на јуни донесе одлука дека забраната за патувањето на Трамп може да се спроведува делумно, пред судот да одржи целосна расправа која е закажана за подоцна во годината.

Сојузната држава Хаваи тврди дека интерпретацијата на одлуката на Врховниот суд од страна на властите била ограничена, додека Владата вели дека „тесно ги следи“ законските имиграциони ограничувања поставени од Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG