Линкови за пристапност

Трамп најави забрана за влез во САД на граѓани од уште неколку држави


Моменталната листа на држави за кои важи забраната за патување се Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен, Венецуела и Северна Кореја

Претседателот Доналд Трамп денес изјави дека неговата администрација планира да најави неколку нови држави кои ќе бидат опфатени со забараната за влез во САД.

„Погледнете што се случува во светот. Нашата држава треба да биде безбедна“, изјави Трамп пред новинарите во Давос, Швајцарија.

Тој не прецизираше колку и кои држави ќе бидат под ваквата забрана, нагласувајќи дека деталите ќе бидат најавени за кусо време.

Моменталната листа на држави за кои важи забраната за патување се Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен, Венецуела и Северна Кореја.

Покрај забраната за патување, Трамп истакна дека очекува да постигне трговски договор со Европската Унија, како и да почне преговори во таа насока.

Тој не ги исклучи и можните санкции кон Ирак, иако потенцираше дека двете држави имаат многу добар однос.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG