Букачевски е син на украински имигранти кои ја напуштиле својата држава по Втората светска војна. Тој е пластичен хирург од Калифорнија но ја напуштил својата приватна клиника за да ја посети Украина по инвазијата на Русија. Ова е само вторпат тој да биде во земјата.
„Работам веќе 31 година. Имам приватна ординација. Ме прашаа дали сум видел такви повреди порано. Одговорот е не, бидејќи во Америка нема војна“, вели хирургот Роман Букачевски.
За доктор Стивен Ортен ова е четврто патување во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, а тој веќе има планирано уште две патувања во 2023 година.
„Траумата што ја видовме е нова за нас. Сме виделе помали случаи на траума, можеби истрел од пиштол во лице, но овде видовме експлозиви со голема брзина. Тие предизвикуваат голема штета“, вели хирургот Стивен Ортен.
Букачевски пристигнал во Лавов со уште осум пластични хирурзи од САД, од кои тројца се со украинско потекло. Ортен, исто така, го убедил доктор Џејмс Суен да го придружува.
Тој е еден од најдобрите хирурзи за уво, нос и грло во САД. Тој беше еден од личните лекари на поранешниот претседател Бил Клинтон за време на неговата администрација.
„Ова беше можност да дојдам и да помогнам без да бидам во голема опасност. Многу од моето семејство, пријатели и пациенти ми рекоа да не одам во Украина оти им требам таму. Но, јас мислам дека им требам повеќе во Украина“, вели докторот Џејмс Суен.
Американските хирурзи извршиле операција на 15 деца со тешки изгореници и дефекти на лицето за време на еднонеделен престој.
На тригодишниот Ростислав му била потребна итна пластична операција на прстот по изгореница и малтретирање.
Пред осум месеци, тој го загубил својот татко во оваа војна.
„Тој не сфати дека татко му е во војна. Му кажавме дека заминал на работа. Дозна дури подоцна, кога го донесоа телото. Беше тешко“, вели Маријана Лаврик, вдовица.
„Еден од татковците на пластичната хирургија рече: „Науката за уништување е многу понапред од науката за лекување“.
Но, исцелувањето трае вечно. Стие се надеваат дека оваа војна наскоро ќе заврши.