Линкови за пристапност

Нова пракса во трауматолошките центри спасуваат животи


При повреди од оружје и кај други сериозни трауматолошки случаи лекарите ги поправаат шансите за преживување. Еве како:

Во еден од најголемите трауматолошки центри во САД, мултидисциплинарен тим на лекари и друг медицински персонал работи брзо да му го спаси животот на 60-годишен човек кој добил повеќекратни убоди. Доктор Пип Талвинг е дежурен хирург на одделот.

„Кога ја затворал продавницата имало грабеж, и тогаш бил прободен, во градите, во стомакот и два пати во вратот“, вели доктор Талвинг.

Доктор Деметриос Деметриадес е директор на Службите за траума во Трауматолошкиот центар на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес. Тој вели дека тимот за траума е активиран кога некој е сериозно повреден. Секој од членовите мора да се појави во собата за итна помош во рок од пет минути од активирањето. Тоа значи дека тие се таму пред пациентот да се појави. И секое лице има дефинирана должност.

Деметриадес вели дека овој метод на третирање на пациенти во трауматолошкиот центар го намалил процентот на смртни случаи кои можеле да се спречат на помалку од два проценти.

Меѓу другите подобрувања што исто така се направени е промената екипата на прва помош што доаѓа на местото на настанот да не се обидува да го стабилизира пациентот. Наместо тоа воведена е стратегија што се нарекува „собери и бегај“.

Доктор Деметриадес вели дека тоа значи да не се губи време и веднаш да се оди во трауматолошкиот центар.

Според доктор Талвинг тоа е посебно критично кај рани од оружје или убоди.

Како што вели тој, во траума со пенетрирање, ако имате васкуларна траума во градите, нема ништо друго освен операција што може да го запре крварењето.

Оваа нова стратегија е причината што 18-годишен Хуан Галардо преживеал од рана здобиена од некој што го погодил во инцидент на пукање од автомобил и избегал. Доктор Деметриос Деметриадес вели дека ранет бил во срцето и белите дробиви. Пред 20 години тој би бил одамна мртов. Заради ваквата постапка, тој веднаш бил опериран и две недели подоцна пуштен дома.

Друга промена е што болницата селективно оперира пациенти погодени со истрел во стомакот, особено ако не се погодени витални органи. Ако нема операција се редуцирани и медицинските компликации што обично ги има по операција.

И, по лекција научена од воените зони во Авганистан и Ирак Доктор Деметриадес вели дека е заменет традиционалниот метод на траума пациентите да им се дава преку вена голема количина течности, како салин, солен раствор.

„Сега даваме свежи крвни продукти. Ги ограничуваме сите видови на течности, и тоа направи значајна разлика“, вели доктор Деметриадес.

Сите овие промени ги подобриле шансите за преживување во трауматолошките центри за 25 проценти.
XS
SM
MD
LG