Недостигот на кредибилно и точно финансиско известување од политичките партии остава отворена врата за корупција и злоупотреба на демократскиот систем од богати донатори, па дури и од големиот бизнис, се вели во извештајот на Транспаренси интернешнел (ТИ), насловен “Купување на влијанието: парите и изборите на Балканот“.
Без транспарентноста на донациите не е можно да се открие за чии интереси работат политичките партии. Демократскиот живот на Балканот нема да напредува се` додека овие проблеми не се решат, за да се врати довербата на гласачите во политичките претставници, наведува Транспаренси.
Извештајот предупредува дека недостигот на доверба на гласачите во политичките партии е закана за демократскиот процес. Граѓаните во Македонија, Хрватска и Србија ги сметаат политичките партии во своите земји за најкорумпирани од сите јавни институции.
Во Косово, Македонија и Србија, довербата во финансиското работење на политичките партии е најслабата алка во истражувањето на ТИ. Организацијата наведува дека во Косово и Македонија не постои забрана за донации во готовина, а ова е забрането во Хрватска и Србија.
ТИ оценува дека телата за контрола на финансирањето, барем на хартија, имаат сериозни можности да истражуваат, но, во пракса се покажува дека не успеваат да земат на одговорност. Причината за тоа во Македонија и во Косово е ограничената независност на овие тела од политичките партии, додека во Хрватска и Србија станува збор за тела кои немаат доволно финансиски средства за добро функционирање.
ТИ констатира и сериозен недостиг на мерки за превенција на злоупотребата на изборните кампањи од страна на политичките партии. Телата за контрола се раководени од лица избрани од парламентот и таму се од политички причини. Оттука, не може да се смета на нивна независност, се наведува во извештајот, но и се потенцира дека, сепак, во Македонија член на ова тело (Државната комисија за превенцијата на корупцијата) неодамна беше отпуштен поради наводна злоупотреба на комисијата, и тоа без одобрение на парламентот.