Линкови за пристапност

Одделот за правда ја повлече заштитата за трансродовите лица


Главниот правобранител на САД, Џеф Сешнс вели дека трансродовите лица повеќе не се заштитени со федералните закони за заштита на граѓанските права кои забрануваат дискриминација на работното место.

Сешнс напиша меморандум до федералните истражители, во кој вели дека станува збор за „закон, а не за политика“ во Законот за граѓански права од 1964-та година, кој не се однесува на родовиот идентитет.

Со актот се забранува дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, религија, пол или национално потекло.

Спротивно на интерпретацијата на администрацијата на Обама, Сешнс напишаа дека зборот „пол“ се однесува само на „биолошки, машки или женски“.

Активистите за граѓански права одлуката на Сешнс ја нарекоа уште еден пример на немање грижа за ЛГБТ лицата од страна на администрацијата на Трамп.

Белата куќа под раководство на Трамп, исто така предложи забрана трансродовите лица да служат во армијата на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG