Линкови за пристапност

Трамп забрани трансродови лица да служат во Армијата


На неговиот Твитер профил, претседателот напиша дека става крај на прифаќање трансродови лица во државните армиски сили

Претседателот Доналд Трамп најави дека Американската армија повеќе нема да им дозволи на трансродовите лица да служат во каков било капацитет, повлекувајќи ја регулативата, која администрацијата на претходниот претседател Барак Обама ја најави пред една година.

На неговиот Твитер профил напиша дека, во консулатција со воени експерти, „става крај на прифаќањето на трансродови лица во државните армиски сили“.

„Нашата Армија мора да биде фокусирана на суштинска победа, и не може да биде оптеретена со високи медицински трошоци и препреки, кои би ги вовлекле трансродовите лица во војската. Благодарам“, напиша Трамп на Твитер.

Неговата одлука доаѓа еден ден пред крајниот рок, Армијата да ги обнови медицинските регулативи.

Вакавата одлука на Трамп предизвика бројни реакции од поддржувачите на правата на трансродовите лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG