Линкови за пристапност

Нова мерка за правата на трансродовите студенти


Администрацијата на Трамп најави повлекување на регулативата, со која им се дозволува да користат јавни вециња, според полот кој тие го одбрале

Новата администрација на претседателот Доналд Трамп најави дека ќе ја повлече регулативата, со која на трансродовите студенти им се дозволува да користат јавни вециња и соблекувални, според полот кој тие го одбрале, а не оној што им е заведен во изводот на раѓање.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека новата мерка ќе биде спортивна на директивата на поранешниот претседател Барак Обама, издадена минатата година.

Спајсер рече дека „не бил приоритет“ на претседателот Трамп да ја повлече наредбата на Обама, но оти новата администрација била принудена да одлучи дали би ја бранела таа мерка во очекуваниот судски случај, по што решила да не го прави тоа.

Спајсер изјави дека Трамп верува во „правата на сојузните држави“, велејќи дека најдобро е нивните влади да одлучат како ќе го регулираат ова прашање.

XS
SM
MD
LG