Силни реакции ширум САД, по одлуката на претседателот Доналд Трамп, на трансродовите лица да не им се дозволи да служат во американската Армија.
Демонстрации беа организирани во Њујорк, откако Трамп ова го соопшти преку Твитер, променувајќи ја политиката на поранешниот претседател Барак Обама, од пред една година.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, истакна дека не е постигната никаква одлука за неколкуте илјади трансродови лица кои веќе се на служба.
„Одделот за одбрана и Белата куќа треба да соработуваат, за да се имплементира мерката и тоа да се направи на легален начин“, истакна Сандерс
Трамп истакна дека ја донел одлуката за забрана трансродовите лица да служат во Армијата, откако се консултирал со генералите и воените експерти.
Тој додаде дека фокусот треба да се стави на победа и дека армијата не може да биде обременета со огромните медицински трошоци и потешкотии, со кои овие лица би се соочиле.
Пентагон сите прашања за промената ги насочува во Белата куќа.
Facebook Forum