Линкови за пристапност

САД ја предадоа контролата врз затвор во Баграм


Авганистанците сега се формално надлежни за раководење со контроверзниот затвор

САД официјално ја предадоа контролата врз контроверзниот затвор на авганистанската влада, и покрај несогласувањето во врска со судбината на некои од затворениците.

Повеќе од 3.000 затвореници беа пренесени во надлежност на авганистански претставници на мала церемонија во понеделникот, во затворот во Баграм. Трансферот на власта над затворот и неговите затвореници беше поздравен од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи како победа за суверенитет.

Американски армиски претставници претходно кажаа дека тие веќе ја пренеле надлежноста врз поголем дел од затворениците. Но, официјални лица рекоа дека ги суспендирале натамошните трансфери заради загриженост во врска со намерите на авганистанската влада за исполнување на условите од меморандумот на разбирање потпишан во март.

Не беше веднаш јасно за каква загриженост станува збор, но изгледа дека тоа се јавило по средбата во саботата меѓу претседателот Карзаи и генералот Џон Ален, главен командант за американските и НАТО сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG