Линкови за пристапност

Во 2016-та 3.200 лица го промениле полот


Според Американската асоцијација за пластична хирургија ова е зголемување од 20 проценти во споредба со претходната година

Ново истражување сугерира дека бројот на операциите за промена на полот минатата година во САД се зголемил за 20 проценти, во споредба со 2015-та година.

Во истражувањето на Американската асоцијација за пластична хирургија (ASPS) се наведува дека во 2016-та биле извршени 3.200 пластични операции. Во таа бројка се вклучени интервенциите за обликување на телото, па се` до целосна промена на полот.

„Не постои едностран пристап во промената на полот“, вели хирургот од Чикаго, Лорен Шехтер. „Постои широк спектар на операции кои можат да бидат избрани при третманот на родовата дисфорија - разлика помеѓу тоа како индивидуата се чувствува и какви се нејзините анатомски карактеристики“.

Ова е прво истражување на ASPS и во него се употребени податоци од 2015-та и 2016-та година.

Една од причините за поголемиот број интервенции, е затоа што осигурителните здравствени компании започна да покриваат некои од процедурите, со тоа правејќи ги подостапни.

„Во изминатите неколку години, бројот на трансродовите пациенти значително порасна“, вели Шехтер. „Пристапот до здравствената грижа им овозможи на поголем број луѓе да можат да ги истражат нивните опции, и поголем број лекари да можат да ги разберат потребите на трансродовите пациенти“.

Промената на ставовите исто така е во пораст.

„Во последните неколку години имаме драматичен пораст на побарувачката за операции. Со сигурност, тоа е тема за која се повеќе се зборува“, изјави Шехтер за интернет изданието на „Дејли мејл“.

Шехтер додава дека до неодамна во САД имало само шест хирурзи кои биле сертифицирани за операции за промена на полот.

„Бројките се зголемуваат, но една од пречките е што нема формална програма за обука“, вели Шехтер.

За оние кои се во постапка за промена на полот, операцијата обично е само еден дел од процесот.

„Хируршката терапија е само една компонента од севкупната процедура“, вели Шехтер. „Потребен е тим на експерти од различни дисциплини кои ќе работат заедно во обезбедување на сеопфатна грижа. Јас често работам со лекари кои препорачуваат различни третмани, како што е хормонска терапија, на пример. Исто така соработувам и со професионалци за ментално здравје, кои им помагаат на пациентите низ транзицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG