Линкови за пристапност

Трамп вели дека ќе ја открие неговата политика за абортусот


Доналд Трамп рече дека ќе ја претстави својата долгоочекувана политика за абортусот, политика за која тој посочи дека ќе биде компромисна позиција со потенцијал да ги разгори двете страни на дебатата.

Во објавата на Трут сошл, платформа за социјалните медиуми на Трамп, републиканскиот претседателски кандидат рече дека неговата политика ќе вклучува исклучоци за силување, инцест и заштита на животот на мајката. Иако Трамп не даде дополнителни детали, се чини веројатно дека тој ќе повика на федерална забрана помалку рестриктивна од шестнеделната забрана донесена во држави како Флорида и Џорџија.

Како и во минатото, Трамп тврдеше дека е неопходна поумерена позиција за абортусот за да преовладуваат републиканците на претседателските и конгресните избори во ноември.

„Мораме да користиме здрав разум за да сфатиме дека имаме обврска за спасот на нашата нација, која моментално е во сериозен ПАД, ДА ПОБЕДИМЕ НА ИЗБОРИ, без кои нема да имаме ништо друго освен неуспех, смрт и уништување“, напиша Трамп.

Регулирањето на абортусот е прашање оставено на поединечни држави откако Врховниот суд на САД ја укина уставната заштита на постапката со одлука од 2022 година. Откако ја обезбеди републиканската номинација, Трамп е под притисок од групите против абортусот и други да го детализира својот став.

Помалку строг предлог од шестнеделната забрана може да ги направи несреќни тие застапници против абортусот, а во исто време да ги поттикне групите за правата на абортусот кои предупредија дека републиканците ќе бараат федерална забрана доколку добијат контрола врз Белата куќа и Конгресот.

Демократскиот претседател Џо Бајден го направи спротивставувањето на Трамп за правата на абортусот клучен принцип на неговата кампања за реизбор.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG