Линкови за пристапност

Трамп потпиша наредба за планирање на прославата за 250 години независност на САД


Демонстранти се обидуваат да ја урнат статуата на американскиот претседател Ендрју Џексон пред Белата куќа за време на протестите за расна нееднаквост во Вашингтон, 22 јуни 2020 година (Фото: Ројтерс)
Демонстранти се обидуваат да ја урнат статуата на американскиот претседател Ендрју Џексон пред Белата куќа за време на протестите за расна нееднаквост во Вашингтон, 22 јуни 2020 година (Фото: Ројтерс)

Американскиот претседател Доналд Трамп прави планови за прослава на 250 години од американската независност и да создаде нова национална градина на скулптури, додека ги оживува напорите за жестоко казнување на оние кои вандализираат или уништуваат постоечки статуи и споменици.

Трамп вчера потпиша извршна наредба за формирање работна група во Белата куќа за планирање, како што вели, „голема прослава достојна за значајната пригода од 250-годишнината од американската независност“, која земјата ќе ја прослави на 4 јули 2026 година.

Трамп ќе биде претседател на работната група, која ќе вклучува долг список на високи претставници на администрацијата, вклучително и секретари на кабинетот.

Наредбата, исто така, ги оживува плановите на Трамп за изградба на „национална градина на американски херои“ со статуи во кои се споменуваат 250 историски личности.

Трамп најпрво ги објави плановите за, како што рече, „нов споменик на гигантите од нашето минато" во говорот во 2020 година по повод прославата на Денот на независноста на планината Рашмор во Јужна Дакота.

На него требаше да бидат прикажани скулптури на десетици американски историски личности, вклучително и претседатели, спортисти и икони на поп-културата.

Меѓутоа, ниту една локација не беше избрана, а градината никогаш не беше финансирана од Конгресот.

Претседателот Џо Бајден ја укина работната група по неговиот избор.

„Националната градина ќе му оддаде почит на американскиот херој откако десетици споменици на Американците, вклучително и претседатели и основачи, се соборени или уништени и никогаш не се обновени“, се вели во документот на Белата куќа за наредбата споделена со Асошиетед прес пред потпишувањето.

Акцијата од средата, исто така, ја враќа извршната наредба што Трамп ја потпиша во 2020 година, а која Бајден, исто така, ја поништи, а која имаше за цел да ги заштити спомениците и статуите од уништување и вандализам.

XS
SM
MD
LG