Поранешниот претседател Доналд Трамп одби да ја поддржи националната забрана за абортус и рече дека верува оти абортусот треба да им се остави на сојузните држави.
Републиканскиот претседателски кандидат во понеделникот објави видео во кое ја прикажува својата позиција.
Трамп вели дека што и да одлучат сојузните држави „мора да биде закон на земјата - во овој случај, закон на државата“.
Трамп одбива да постави временска рамка за кога верува дека абортусот треба да се забрани.
Кампањата на претседателот Џо Бајден вели дека Трамп „ја одобрува секоја забрана за абортус во државите, вклучително и забраните за абортуси без исклучоци“.
Една од најистакнатите групи во земјата што се противат на правата за абортус вели дека е „длабоко разочарана“ од позицијата на Трамп.
Извор: Асошиетед прес