Линкови за пристапност

Трамп му кажа на Ишиба дека сака да го намали трговскиот дефицит со Јапонија


Доналд Трамп и Шигеру Ишиба - Вашингтон 07, февруари, 2025 година
Доналд Трамп и Шигеру Ишиба - Вашингтон 07, февруари, 2025 година

ВАШИНГТОН (АП) - Претседателот Доналд Трамп во петокот рече дека сака да го намали трговскиот дефицит на САД со Јапонија за време на посетата на јапонскиот премиер Шигеру Ишиба во Белата куќа на нивната прва средба.

Трамп додаде дека не ја исклучува можноста за наметнување тарифи против Јапонија, но верува дека проблемот може да се реши без казнени мерки.

Соединетите Американски Држави имаат трговски дефицит од 68 милијарди долари со Јапонија.

„Мислам дека ќе биде многу лесно за Јапонија“, рече Трамп на почетокот на состанокот со Ишиба во Овалната соба. „Имаме фантастичен однос. Мислам дека нема да имаме проблем“.

Трамп објави дека јапонската „Nippon Steel“ се откажува од купувањето на „US Steel“ со седиште во Питсбург во вредност од 14,1 милијарди долари и наместо тоа ќе направи „инвестиција, наместо купување“. Трамп рече дека ќе „посредува и арбитрира“ додека компаниите преговараат за инвестицијата.

Претседателот Џо Бајден, пред да ја напушти функцијата минатиот месец, го блокираше купувањето, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност. Трамп во декември рече дека е „целосно против некогашниот голем и моќен американски челик да биде купен од странска компанија“. Тој им рече на новинарите во петокот дека останува против продажбата.

Нипон и УС Стил поднесоа тужба со цел враќање на договорот. И Нипон го засили својот јавен притисок, тврдејќи дека „трансакцијата е во согласност со фокусот на претседателот Трамп“ на производството и „придонесува за целите на претседателот Трамп за промовирање на американските инвестиции, создавање работни места во САД и зајакнување на производството во САД“.

Напорот на Трамп да го намали трговскиот дефицит доаѓа во време кога тој активно воведува царини и за пријателите и за непријателите во обид да го зајакне американското производство.

Ишиба, рече дека разбира дека целта на Трамп е заемно корисна трговска политика.

XS
SM
MD
LG