Линкови за пристапност

Трамп измамил банки и осигурители додека градел недвижнини, одлучи судија


Судијата Артур Енгорон пресуди дека Доналд Трамп со години правел измама додека ја градел империјата за недвижнини што го донесе до слава и Белата куќа.

Судијата, одлучувајќи во граѓанска тужба покрената од јавниот обвинител на Њујорк, откри дека поранешниот претседател и неговата компанија ги измамиле банките, осигурениците и други со масовно преценување на неговиот имот и преувеличување на неговата нето вредност на документите што се користат при склучување зделки и обезбедување финансирање.

Пресудата на Енгорон го решава клучното барање во тужбата на државниот обвинител Летиција Џејмс, но уште шест остануваат.

Џејмс бара казни од 250 милиони долари и забрана на Трамп да работи во Њујорк.

XS
SM
MD
LG