Линкови за пристапност

Трамп денес треба да се пријави во затворот во Атланта


Доналд Трамп денес треба да се пријави во затвор во Атланта за да се соочи со обвиненијата за неговите напори да ја поништи загубата на изборите во 2020 година, во четвртиот кривичен случај оваа година.

Како и другите обвинети за криминал во Атланта, Трамп ќе мора да се појави во затворот во округот Фултон за да биде земен отпечаток од прст и фотографиран, слика која сигурно ќе биде широко распространета и од поддржувачите и од опонентите додека тој води кампања за враќање во Белата куќа во ноември 2024 година.

Трамп (77) негираше дека сторил нешто лошо и го нападна случајот како политички мотивиран.

Тој нема да се изјасни на ова појавување. Тој се согласи да плати кауција од 200.000 долари и прифати услови за кауција што би му забраниле да им се заканува на сведоците или на неговите 18 кообвинети во случајот.

Не е јасно кога Трамп ќе пристигне во објектот, кој има репутација на мрачни услови што ги инспирираа рап песните и поттикнаа истрага од Одделот за правда.

Исто така, не е јасно колку поддржувачи ќе се појават на високите температури за да го поддржат.

XS
SM
MD
LG