Линкови за пристапност

Трговијата со луѓе во САД – се` посериозен проблем


Трговијата со луѓе во САД – се` посериозен проблем
Трговијата со луѓе во САД – се` посериозен проблем

Активистите против трговијата наведуваат дека во речиси секоја американска метропола, секојдневно, жртвите се предмет на злоупотреба

Американски невладини организации и надлежните власти велат дека трговијата со луѓе не е само проблем што се случува во странство. Според ФБИ жртвите завршуваат во секој поголем град во САД, вклучувајќи го и Вашингтон. Едни се принудени на работа, а други на проституција.

Активистите против трговијата наведуваат дека во речиси секоја американска метропола, секојдневно, жртвите се предмет на злоупотреба.

„Трговијата со луѓе е мошне сериозен проблем во САД“, подвлекува Бредли Мајлс е од проектот Поларис што се бори против трговијата. Вели, некои се принудени да работат во домови на богати или во ресторани. Други, особено жени завршуваат во проституција:

„Знаеме што се случува, затоа што сме виделе со свои очи. Не сме слушнале од друг. Сме ги виделе тие места. Сме работеле со тие жени“, тврди Мајлс.

Повеќето од жртвите во трговијата со луѓе кои доаѓаат од економски сиромашни земји, намамени во САД со ветувања за подобар живот.

„Број еден е Мексико. Околу 20 проценти од жртвите на трговијата доаѓаат од Мексико“, вели Тим Витман од ФБИ, експерт за трговијата со луѓе во САД.

Ниту главниот град на САД не е имун на проблемот. Поларис наведува дека во Вашингтон има жртви на сексуална трговија кои се американски граѓани, како и жени регистрираше од Јужна Кореја, Кина и Јужна Америка.

Многу бордели прифаќаат само ограничена клиентела, со цел да оневозможат полицијата да им влезе во трага:

„На пример, лице од Кореја, донесено во САД со лажни ветувања, потоа се принудува да се проституира во рамки на корејската заедница во земјата“, наведува Витман.

Сепак, надеж за помош постои. Жртвите понекогаш може да добијат специјална виза да останат во САД до четири години, и да се пријават за постојан легален статус. Но, заканите, јазичната бариера и стравот од правниот систем прават жртвите честопати да не се во можност или да не побараат помош.

XS
SM
MD
LG