Линкови за пристапност

Сообраќајните незгоди ги забавуваат економиите во земјите во развој


Смртоносните сообраќајни незгоди се повеќе од индивидуални трагедии. Тие значат и уназадување на економскиот растеж во земјите во развој, се вели во нов извештај на Светската банка. https://openknowledge.worldbank.org/handle/10986/29129

Студијата е меѓу првите што покажуваат дека инвестирањето во безбедноста на патиштата во земјите со ниски и средни примања, ќе ги зголеми националните приходи.

Според податоците на Светската здравствена организација, сообраќајните несреќи се меѓу првите десет причини за смртност. Деведесет проценти од незгодите се случуваат во земјите во развој.

Но, на проблемот не му се посветува големо внимание, вели експертот за транспорт на Светската банка, Дипан Боуз.

„Во многу земји со ниски и средни примања, нема голема политичка волја да се преземат дефинитивни акции, со цел да се намалат смртните случаи и повредите на патиштата“, изјави тој.

Студијата чиј коавтор е овој економист, била фокусирана на пет земји: Кина, Индија, Тајланд, Филипини и Танзанија. Притоа биле користени математички модели за да процени што би добила економијата на секоја од држвите во период од 24 години.

Тајланд ќе забележи зголемување од 22 отсто на националниот приход, доколку ги намали сообраќајните смртни случаи на половина. Танзанија ќе добие 7 отсто. Слично ќе биде и со другите земји.

Ваквите придобивки, ниту една национална влада не може да ги игнорира, додаде Боуз.

Во извештајот се наведува дека потребно е и да се спроведат и ограничувања на брзината, да има закони за носење шлем и појаси, како и забрана за возење во алкохолизирана состојба.

Бреј Шарпин е коавторка на друг извештај во кој се вели дека градските планери и владини претставници, се одговорни за градењето на безбедноста во системот за транспорт. Тоа честопати не е случај, вели таа.

Како пример се споменува потребата од креирање поголем простор за велосипедистите и пешаците, кажа овој експерт.

Таа додава дека извештаите се чини се навремени, бидејќи бројни земји во развој во моментов се фокусираат на безбедноста и планираат големи проекти за инфраструктурата на патиштата.

„Се` со цел, патиштата да бидат издржливи со децении“, вели таа. „Ако не се обрне внимание на безбедноста, ќе имаме негативни резултати, уште долго време“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG