Од Белата куќа соопштија дека двајца виши економски претставници следната недела ќе отпатуваат во Кина за да ги продолжат трговските преговори и да стават крај на тековната трговска војна меѓу двете држави.
Во соопштението се вели дека државниот секретар Стивен Мнучин и американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер на 30-ти април во Пекинг ќе се сретнат со кинескиот вицепремиер, Лиу Хи.
Двете страни ќе разговараат за прашањата за интелектуалната сопственост, присилниот трансфер на технологии, нецаринските бариери и земјоделството.
Белата куќа вели дека вицепремиерот Лиу Хи ќе ја предводи кинеската делегација на дополнителни разговори во Вашингтон следната недела.
Вашингтон и Пекинг одржаа неколку рунди разговори од почетокот на годината за решавање на трговската војна која започна минатата година, кога претседателот Доналд Трамп наметна царини за кинески увоз вреден 250 милијарди долари, со цел да го принуди Пекинг да ги промени трговските практики.
Кина се одмазди зголемување на царините на 110 милијарди американски долари од извозот на САД.
Facebook Forum