Линкови за пристапност

Продолжува трговската „војна на зборови“ САД - Кина


Финансиските пазари изминативе неколку дена беа разнишани, како одговор на стравувањата од ескалацијата на трговската напнатост меѓу Вашингтон и Пекинг

Реториката на трговската војна меѓу САД и Кина ескалираше со заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царините на дополнителни кинеските производи вредни 100 милијарди долари, предупредувајќи дека Пекинг ќе се бори против САД „по секоја цена“.

Трамп во четвртокот изјави дека наложил да ги разгледа дополнителните царини откако Кина издаде листа на производи во САД, вклучувајќи и мали авиони, во вредност од 50 милијарди долари, доколку се случи друго евентуално зголемување на тарифите. САД претходно неделава предложија нови царини за кинески производи во вредност од 50 милијарди долари.

Кинеското Министерство за трговија денеска објави дека ако Вашингтон продолжи да се држи во она што Пекинг го опишува како протекционизам, Кина „ќе се посвети и дефинитивно ќе возврати на ударот“.

Акциите на берзите во САД паднаа по последната трговска директива на Трамп и беа намалени за околу 400 поени.

Финансиските пазари изминативе неколку дена се нестабилни, по стравувањата од ескалацијата на трговските тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.

„Наместо да го поправи своето несоодветно однесување, Кина избра да им наштети на нашите земјоделци и производители“, рече Трамп.

Од почетокот на оваа недела, САД и Кина се втурнаа во трговски спор. Во понеделникот, како одговор на претходните царини за челик и алуминиум наметнати од администрацијата на Трамп, Кина воведе царини до 25 проценти на 128 производи од САД, вклучувајќи овошје, ореви, свинско месо, вино, челик и алуминиум.

Подоцна истиот ден, САД предложија да ги зголемат тарифите за 1.300 увезени стоки од Кина, главно авионски, медицински и информатички производи.

Помалку од 12 часа подоцна, Кина објави дека планира да наметне давачки од 25 отсто на 106 чувствителни американски производи, вклучувајќи соја, автомобили и авиони.

Кинеското Министерство за трговија на прашањето, кога ќе стапат на сила ваквите мерки, одговори дека ќе зависи од тоа, кога царините на САД ќе станат активни.

Кинескиот амбасадор во САД, Цуи Тјанкај, во средата изјави: „Преговорите ќе бидат наш приоритет, но „за танго се потребни двајца“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG