Линкови за пристапност

310.000 лица може да го изгубат правото да живеат и работат во САД


Администрацијата на Трамп го укина Статусот на привремена заштита за неколку држави, каде е забележано подобрување, по воените и природни катастрофи

Околу 310.000 луѓе во САД во текот на наредните 18 месеци, може да го изгубат нивното право, легално да живеат и работат во државата, велат владини претставници.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го укина хуманитарниот Статус на привремена заштита за неколку држави, каде минатата година е забележано подобрување по воените и природни катастрофи.

Надлежните не се сигурни каде ќе завршат овие лица, по истекување на нивниот статус

Ниту владините лица, ниту адвокатите, ниту активистите, имаат разбирање за тоа што ќе се случи потоа.

Службата за државјанство и имиграција на САД, која претставува владина агенција што ја надгледува оваа програма, вели дека нема увид во разврската на случаите на претходните корисници на оваа програма, поради што не може да донесе заклучок.

Статусот на привремена заштита е неимигрантски статус, значи дека тие што го добиваат, не се на пат да добијат постојан престој или државјанство, туку го добиваат привремено додека нивните држави се во криза.

Она што може да им се случи на овие лица потоа, велат аналитичарите, е да го променат во друг имигрантски или неимигрантски статус, да се преселат во друга држава, да се вратат во нивните држави, или пак да останат без легални документи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG