Линкови за пристапност

Истрагата не најде електронски проблем кај Тојота


Истрагата не најде електронски проблем кај Тојота
Истрагата не најде електронски проблем кај Тојота

Долга истрага на американската влада за безбедносните проблеми на Тојота не покажа дека има електронски пропуст што би довел до несакано и ненадејно забрзување.

Студијата објавена во вторник во Вашингтон, е изведена од инженери на Националната администрација за безбедност во сообраќајот и од Американската влеселенска агенција НАСА.

Тојота отповика милиони возила во светот по извештаи за забрзување на возилата кога нивните возачи не го сакаат тоа. Некои критичари тврдеа дека електрониката и компјутерите што контролираат многу функции во автомобилот се виновни за тоа.

Но, десетмесечна студија покажа дека проблемите биле механички, а не електронски. Инженерите претходно велеа дека педалите за гас што се заглавувале предизвикувале некои од проблемите, додека лабавите подни покривки понекогаш несакајќи притискале на педалите за гас.

Тојота го надмина Џенерал Моторс и стана најголем производител на возила во 2008, и проектира зголемен профит и покрај уназадувањето предизвикано од отповикувањето и растењето на јапонскиот јен.

XS
SM
MD
LG