Линкови за пристапност

Забраната за влез во САД се одрази врз туризмот


Неизвесноста лоша по бизнисите, покажуваат податоците

Без разлика што извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за влез на лица од седум мнозинско муслимански земји времено е блокирана, туристичката индустрија вредна седум милијарди долари веќе бележи финансиски загуби.

Извршната наредба беше во важност само неколку недели, но тоа беше доволно да има негативен ефект, посебно со фактот дека откако ќе го помине судскиот систем, може повторно да биде воведена.

Според податоците на компанијата ForwardKeys, бројот на патници опаднал, и тоа не само од земјите кои се вклучени во забраната. Севкупно, аранжманите за САД опаднале за 6,5 проценти, споредно со истиот период лани.

По региони, од Блискиот Исток бројот на туристи во САД опаднал за 37,5 проценти, азиско-пацифичкиот регион за 14 проценти, и од Западна Европа 13,6 проценти.

Според податоците на Глобалната туристичка бизнис асоцијација, нивото на трансакциите за само една недела по забраната за патување опаднала за 185 милиони долари.

XS
SM
MD
LG