Линкови за пристапност

Како банкротот на Томас Кук ќе се одрази на туризмот во охридско?


Како пропаѓањето на Томас Кук ќе се одрази на туризмот во охридско?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Хотелиерите на охридско-струшката ривиера имаат побарувања од околу 100.000 евра од неодамна банкротираниот светски познат туроператор, Томас Кук

Банкротот на еден од најпознатите светски туроператори, британскиот Томас Кук, ги остави затечени и туристичките работници од Охрид и Струга. Претседателот на Хотелската асоцијација, Крсте Блажевски за Гласот на Америка вели дека според првичните проценки, долгот на компанијата кон хотелите на охридската ривиера е околу 100.000 евра. Дополнително вели, ќе ги разгледуваат законските можности кои им стојат на располагање во насока на наплата на побарувањата.

„Имаме стотина илјади евра ненаплатени од Томас Кук. Што ќе се случува понатаму, не знаеме. Имаме испратено пораки по електронска пошта, но очигледно се е без одговор сега за сега. Дали таа фирма ќе се реконструира или ќе почне одново, дали некој ќе ги преземе тие долгови или не, ќе покаже времето“, вели Блажевски.

Тој додава дека добар момент е што од Томас Кук немале закупено нови аранжмани во регионот.

„Една сомнителна работа е што од крајот на август месец тие сопреа со праќање на нови гости кај нас. Мислевме дека е до дестинацијата. Излезе дека имале некои посериозни проблеми. И добро е што тогаш се застана, бидејќи долговите можеа да бидат и поголеми“.

Туристичките работници не веруваат дека ова ќе се одрази негативно врз туризмот во Охрид.

„Ќе треба некое време да се сталожат работите. Но сигурно е дека останатите туроператори ќе им преземат дел од клиентите. Тоа е штета и за нас како водичи бидејќи најверојатно некои од оние кои соработувале со нив ќе изгубат дел од клиентите“, вели Татјана Лилиќ, туристички водич.

Од Министерството за економија рекоа дека соработката со Томас Кук во Република Северна Македонија била многу коректна и оти до ден денес немало никаков проблем.

„Според податоците на Министерството за економија тие носеле најмногу туристи од Белгија за време на оваа туристичка сезона. Во моментот нема група од нив во Република Северна Македонија. До сега нема случај, некој турист да се пожалил или обратил во Агенцијата за туризам или Министерството за економија после банкротот на агенцијата“.

Томас Кук на македонскиот пазар се од 2016 година и преку нив во земјава престојувале околу 10.000 туристи. Летаа еднаш до двапати неделно до Охрид од јуни до септември.

Инаку некои земји од регионот веќе ги бројат загубите поради случувањата со Томас Кук. На пример според проценките на грчката конфедерација за туризам, штетите за туристичките бизниси се очекува да бидат меѓу 250 и 500 милиони евра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG