Линкови за пристапност

Кoмбе влета во пешаци во Торонто


Според властите, повредени се десетина лица, а возачот e уапсен

Властите соопштија дека комбе влетало во група пешаци во Торонто, Канада, при што биле повредени десетина лица. Луѓето се наоѓале на тротоар, а возилото, пред да биде запрено, било во движење преку еден километар.

Надлежните рекоа дека кусо време потоа возачот бил уапсен, но не дадоа дополнителни информации, дури ни за тоа дали ова е сторено намерно или не.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кажа дека им посакува брз опоравок на жртвите, додека продолжува истрагата за мотивот. Тој додаде дека по неколку часа, ќе бидат објавени повеќе детали.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG