Претставници за вонредни состојби во среднозападната американска сојузна држава Оклахома велат дека најмалку пет лица загинале кога неколку торнада и силно невреме со грмотевиџи погодиле делови во јужниот дел на државата во понеделникот.
Две од жртвите биле во главниот град, Оклахома сити, додека другите биле јужно од градот.Извештаите велат дека најмалку 57 лица биле повредени.
Претставници на управата за вонредни ситуации на државата велат дека торнадото што минало низ Оклахома сити повлекло автомобили и мобилни домови во воздух и оставило неколку населби сериозно оштетени. Се јавува и за град со величина на безбол топчиња.
Претставници за вонредни состојби во среднозападната американска сојузна држава Оклахома велат дека најмалку пет лица загинале кога неколку торнада и силно невреме со грмотевиџи погодиле делови во јужниот дел на државата во понеделникот