Официјални лица во Оклахома велат дека смртоносните торнада го погодиле северозападниот град во сојузната држава, Вудвард. Има извештаи за торнада во неделата во Канзас, Ајова, Небраска и Оклахома.
Торнадата го прекинаа дотекот на струја и оштетија домови и јавни згради.
Националната метеоролошка служба објави предупредување за невремето во саботата, но торнадата сепак изненадија некои населби.
Официјални лица велат дека опасноста не е мината.