Линкови за пристапност

Смртоносни торнада во САД


Моќно невреме остави зад себе трагови на уништување низ средината на САД и некои јужни делови на државата во средата, однесувајќи 12 животи.

Системот разви торнадо што најпрвин го погоди малиот град Харисбург, во Илиноис, убивајќи шест лица и повредувајќи стотина други жители на градот. Официјални лица велат дека 250 и 300 домови биле оштетени или уништени.

Торнада убија тројца други во Мисури и предизвикаа значително уништување во гратчето Брансон, познато како место за забава, каде 37 лица биле повредени и неколку театри и хотели оштетени на прагот на туристичката сезона. Силно невреме уби уште три лица во југоисточната држава Тенеси.

Метеоролозите велат дека невремето предизвикало торнада во Канзас и Кентаки, иако од таму во моментов нема извештаи за загинати.

XS
SM
MD
LG