Линкови за пристапност

Торнада во Масачусетс


Торнада во Масачусетс
Торнада во Масачусетс

Најмалку две торнада погодија густо населена област на североисток на САД во средата, убивајќи четири лица и повредувајќи повеќемина.

Последните во низата торнада што ја погодија државата последните недели се случија во западната област на сојузната држава Масачусетс, регион каде торнада се ретка појава.

Торнадата ја напуштиле патеката на уништување во должина од 64 километри, со најмалку 19 населби кои известиле дека згради, возила и друга сопственост биле оштетени од спиралните ветрови.

Гувернерот на Масачусетс Девал Патрик објави вонредна состојба.

Повикани се илјада припадници на националната гарда да помогнат во потрагата, спасувањето и расчистувањето на урнатините.

Торнада убија повеќе од 500 лица во САД годинава, што е најголем број жртви за една година од 1950-та.

Во меѓувреме, официјални лица велат дека се пронајдени сите што се воделе исчезнати по торнадото во Џоплин, Мисури, од 22 мај. Бројот на загинати од 134 го прави ова торнадо најсмртоносно во САД од 1947.

XS
SM
MD
LG