Линкови за пристапност

Шкотскиот `рт Хикори – најдобро куче во САД


Шкотскиот `рт Хикори – најдобро куче во САД
Шкотскиот `рт Хикори – најдобро куче во САД

Многу трошоци, но и профит од престижната титула

Изложбата на кучиња Вестминстер во Њујорк е најстарото шоу од овој вид во САД. Овогодишен победник е Хикори, прв од својата раса во 135-годишната историја на настанот.

Хикори, петгодишнa женка-шкотски `рт, го започна патот кон славата како најдоброто куче во САД годинава со фото-сесија од врвот на облакодерот Емпајар стејт билдинг во Њујорк.

Одгледувачите велат дека кучињата од оваа раса се одликуваат со тивко достоинство - подготвени да заборават нанесена повреда, а да запомнат пружена љубезност. Анџела Лојд, која ја дресира Хикори, е полна со пофалби за неа.

„Хикори има големо срце и тоа го покажува секојпат“, со насмевка вели Лојд.

Сопственичката Сали Свит додава дека за секое добро дресирано куче е потребно огромно внимание од дресерот. Свит е благодарна на Лојд што не ја оптоварила Хикори со многу изложби.

„Со тоа Хикори беше одморена, не беше под стрес на другите изложби викендов“, вели Свит.

Оваа година на Вестминстер без изложени 2500 кучиња од над 179 раси и видови. Дојдоа од 49 американски сојузни држави и неколку земји од странство како Тајланд, Бразил, Словенија и Австралија. Сите имаат победено на други изложби – услов да се квалификуваат за престижниот настан во Вестминстер, што важи за главната изложба на кучиња во САД.

Да се биде сопственик на најпознатото куче во САД има своја цена. Сопственичката Свит плаќа за дресерот, рекламите, патувањата, престојот и париципацијата на изложбите.

Но, и се исплаќа, од продажбата на подмладокот. Свит најавува дека Хикори наскоро ќе биде оплодена и ќе се пензионира од понатамошни натпреварања.

XS
SM
MD
LG