Линкови за пристапност

Почина рок ѕвездата Том Пети


Тој ја заврши турнејата мината недела во Лос Анџелес, за која најави дека можеби ќе биде последна

Американската рок легенда Том Пети почина на 66-годишна возраст, во неговиот дом во Малибу, Калифорнија.

Неговото семејство соопшти дека тој бил однесен во болница вчера утрото, но, лекарите не успеале да го вратат во живот.

Пети почина вчера вечерта, опкружен со најблиските, членовите на бендот и пријателите.

Тој ја заврши својата последна турнеја мината недела во Лос Анџелес.

Во декември, за магазинот „Ролинг стоун“ изјавил оти верува дека ова ќе биде последна турнеја на целата група.

Пети се прослави во 1970-те со неговиот бенд „Том Пети и Хартбрејкрс“, а нивни најпознати хитови беа American Girl, Free Fallin и Listen to Her Heart.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG