Линкови за пристапност

Апел за толеранција во американските училишта


Одделот за образование на САД испрати писмо до училиштата со порака за мир, толеранција и добра волја

Дали новата година ќе донесе мир во светот, повеќе толеранција и добра волја меѓу нејзините граѓани? Министерството за образование на САД се надева дека ќе биде така.

Во светлина на екстремни акти на насилство и бегалската криза, Одделот се обидува да промовира мир и разбирање во САД. Посегна по училиштата за да обезбедат сигурна, недискриминаторска и средина на почит за сите ученици.

Кетрин Ламон, помошник секретар за граѓански права на Одделот за образование, забележа дека бегалците во САД се добредојдени и дека во училиштата ќе се разговара повеќе за тоа „кои сме ние како нација и што се случува во училиштата“.

Таа додаде дека е многу важно „училиштата да не заборават дека тие треба да им служат на сите ученици“.

Секретарот за образование во заминување Арн Данкан и в.д. секретарот Џон Б. Кинг Џуниор се потпишани на писмото насловено „Драг колега“ и испратено до училиштата и универзитетите во САД, во кое се поттикнуваат образовните установи да создаваат слободни средини во училниците и кампусите без никаква форма на присилување или дискриминација.

Писмото на три страници ги потсетува училиштата за нивната одговорност според федералните закони за граѓански права да забранат дискриминација врз основа на раса, религија или етничка припадност.

Во еден дел во писмото се вели „Бегалците привлекоа многу внимание и тие бегаат токму од типот на бесмислени и насилни напади кои неодамна се случија и во САД и на други места. САД мора да продолжат да ги поддржуваат бегалците во потрагата по безбедност и нов почеток. Во исто време, ние остануваме длабоко посветени на зачувување на безбедноста на американскиот народ. Ние можеме и мораме да ги направиме двете работи.“

Во писмото исто така има вклучено и информации за поврзување со ресурси дизајнирани за помош на училиштата, учениците, семејствата и заедниците за промовирање на позитивна клима во училиштата.

Целта на ова писмо, кажа Ламон, „е да обезбедиме сите училишта во САД да се безбедни места кадешто учениците ќе можат да се фокусираат на учењето“.

XS
SM
MD
LG