Линкови за пристапност

Кој ја има контролата во Кина?


Кој ја има контролата во Кина?
Кој ја има контролата во Кина?

Американскиот Секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека и покрај загриженоста што кинеските цивилни лидери не знаеле за значајни армиски тестови неделава, тој верува дека тие имаат целосна контрола врз Народната ослободителна армија, што ја вклучува морнарицата и воздухопловството на државата.

Кога Кина го направи првиот пробен лет на својот борбен авион што не може да се открие со радар во вторникот, за време на неговата посета на Пекинг, американските претставници беа загрижени дека цивилните лидери во државата, вклучувајќи го и претседателот Ху Џинтао, покажале изненадување кога Секретарот Гејтс прашал за тоа.

Но, во Токио, во петок, секретарот Гејтс кажа дека иако очигледната „неповрзаност“ во врска со тоа и други армиски прашања „загрижува“, проблем може да бидат „бирократски грешки“, што резултираат во тоа армиски единици да преземаат акции без да ги земат предвид импликациите по надворешната политика. Тој кажа дека слична работа се случува во САД.

„Не го поставувам прашањето за контролата на Комунистичката партија врз армијата. Немам сомнение дека претседателот Ху Џинтао е на командната позиција и на власт. Но јас знам од нашиот систем дека понекогаш има неповрзаност на армиските информации кои одат до нашите цивилни лидери“.

Гејтс кажа дека САД би сакале кинеските лидери да го затворат јазот на комуникација со нивната армија, но кажа дека тоа е внатрешна работа на Кина.

Тој рече дека САД и Кина можат да соработуваат по многу прашања, вклучувајќи ја и одбраната, но САД нема да прават компромис по клучни интереси, вклучувајќи слободна навигација во меѓународни води. Кина има различно становиште, и се обидуваше да го наметне своето тврдење дека има ексклузивно право на својата економска зона од 200 милји со заплашување на странски бродови и ангажирање во остра реторика.

Зборувајќи на токискиот универзитет Кеио во Токио во петокот, секретарот за одбрана ја стави американско-јапонската одбранбена алијанса во контекст на растежот на кинеската армија.

„Напредокот на кинеската армија во кибернетската и анти-сателитска војна претставуваат потенцијален предизвик на способноста на нашите сили да оперираат и комуницираат во тој дел на Пацификот“, кажа Гејтс.

Осврнувајќи се на кинеското напредување и Севернокорејското провокативно однесување, Гејтс рече дека американско-јапонската алијанса е поважна од секогаш. И додека тој го признава проширеното јапонско учество во меѓународното мировништво и помош при катастрофи, како и ограничувањата на уставот што датира по Втората светска војна, тој ги поттикна Јапонците да сторат што можат да придонесат на нивната сопствена безбедност гарантирана од Америка и да помогнат во справувањето со глобалните безбедносни предизвици.

„Важно е за Јапонија да преземе уште поголема регионална и глобална водечка улога што ќе ја рефлектира нејзината политичка, економска и воена способност“.

Гејтс кажа дека на САД им треба „способен и посветен безбедносен партнер во Јапонија“.

XS
SM
MD
LG